Девојчето во црвеното палто: Шиндлеровата листа ми го уништи животот!


Оливиа Дабровска го глумела девојчето во црвеното палто во една од познатите шокантни сцени од холокаустот. Поминале 20 години од „Шиндлеровата листа“, кој го режирал Стивен Спилберг. Филмот е инспириран од Оскар Шиндлер кој го спасил животот на илјадници Евреи од сигурна смрт во концентрационен логор.

Оливиа денес е студентка и признала дека била ужасната кога прв пат го гледала филмот. Тогаш имала само 11 години.

sindlerova devojce„Бев сигурна дека никогаш повеќе не сакам да го видам тој филм, до крајот на животот. Ми го уништи животот “, признала Оливиа.

Познатиот режисер Стивен Спилберг ја посоветувал да не го гледа филмот се додека не наполни 18 години, но таа не го послушала, била љубопитна.

„Ми беше срам што сум во филмот и им бев многу лута родители кога разговараат со други луѓе за мојата улога во филмот. Луѓето често ми говореа, „сигурно ти било многу важно, сигурно знаеш многу за холокаустот“, сето тоа ме фрустрираше, тоа е трауматично”, изјавила Оливиа, која во меѓувреме порасна и ја сфати својата улога во сето тоа.

„Бев дел од нешто на кое не сум сега горда”, вели девојката чиј живот се промени, после „Шиндлеровата листа“.

Дабровска пораснала во Краков, Полска. Оваа 23-годишна девојка и поматаму повремено глуми, се надева на кариера во издаваштвото после дипломирањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1