Дупката која во петокот го проголта на спиење 37 годишниот Американец од Флорида, длабока е 30 метри. Службите не успеаја да го извлечат несреќниот маж
Дупката широка девет а длабока 30 метри која минатата недела го проголта Џеф Буш, најверојатно засекогаш ќе остане негов гроб.
Спасителите истакнаа дека површината на земјата е премногу нестабилна за да го извлечат Џеф.
Дупката се отворила среде ноќ додека Џеф спиел во својот кревет. Неговиот брат успеал да се задржи и да не падне но Џеф ја немал таа среќа. Поради безбедност евакуирано беше и соседството.