Видео/Фото: Aдиос Президенте – Хуго Чавез – борец за сиромасите или диктатор


gty_chavez_obit_05_jef_ss_120424_ssvПотврдена е информацијата дека почина претедателот на Венецуела Хуго Чавез (58).

Смртта на претседатолот во телевизиско обраќање ја потврди заменикот претседател Мадури, објави CNN.

Неколку часа пред објавата за неговата смрт одржан е и вонреден состанок на државниот врв на кои е речено дека Чавез е најверојатно отруен.

Хуго Рафаел Чавез Фриас е роден на 28 јули 1954 година во работничко семејство во венецуелскиот град Сабанета.

Во раните осумдесетти го основал Револуционерното боливарско движење, со кое се обидел да ја сруши владата на Карлос Андрес Перес, поради што во 1992 завршил во затвор, каде што минал две години.

На власт беше 14 години, од 1999 година, кога прв пат беше избран и поставен за претседател. Потоа уште на два пати беше биран за претседател во 2001 и 2007 година. По четврти пат беше реизбран минатата година, иако тешко болен.

Во својата земја и во светот ќе остане запаметен како контроверзен политички лидер кој својот полковнички чин го замени за политиката, претворајќи се во силен претставник на латиноамериканската левица и популист.

gty_chavez_obit_08_jef_ss_120424_ssh

gty_chavez_obit_11_jef_ss_120424_sshПо излегувањето од затвор тој ја основал Социјалистичката партија, со која во 1999 стана претседател на Венецуела. На таа позиција остана сѐ до својата смрт.

Претседателската кариера на Чавез ја обележаа идеите „Боливарска револуција“ и „Социјализам за 21 век“. Основни идеи се економската независност на латиноамериканските земји кон капиталистичкиот Запад, дистрибуција на добрата и пресметка со политичката корупција.

Лугето во неговата земја,а и во целиот регион, ќе го паметат по практикувањето да „комуницира со народот“ преку специјалната телевизиска програма „Ало президенте“. Во неа, Чавес зборуваше со часови, одговрајаќи на прашањата од луѓето и неподготвен, без да чита,промовираше мерки за внатрешната и надворешната политика,а посебно за економијата и социјалниот живот.

Чавез го нарекуваа Президенте на сиромашните – одби да го распродава националното богатство на земјата и го врати на народот.

Затоа стекна голем број непријатели, како дома, така и во странство. Ги национализираше нафтените фабрики како и венецуелските рудници за злато и прехранбената индустрија, кој претходно беа приватизирани во најголем дел од страна на американски компании.

Војната со зборови со Вашингтон се засили откако во Венецуела беше извршен обид за тргање на власт на Чавез,за што тој ги обвини САД. Само два дена беше надвор од претседателската палата, бидејќи со помош на силните „народни немири“ пред се на најсиромашните, набргу беше вратен на функцијата.

На следните избори доби уште поголема поддршка, а неговите следбеници, подоцна, се согласија (на референдум) за него да нема повеќе ограничување на мандатот.

cavezgty_hugo_chavez_reelection_nt_121213_ssh

Се обидоа да го тргнат многупати, дури и на сила. Организирани беа два пуча во обид да го сменат, но не успеаа. Иако  западните медиуми често го прикажуваа како диктатор, тој на избори покажуваше дека неговиот народ стои зад него.

gty_chavez_obit_01_jef_ss_120424_sshНајпопуларен беше меѓу сиромашните и работничката класа за кои велеше дека се бори. Тоа се потврди и на референдумот во 2004 година, кога 59 отсто од гласачите во Венецуела гласаа Чавез да остане претседател.

И на последните избори, иако веќе болен сепак се кандидираше.

Народот го поддржуваше неговиот противник и како никогаш претходно во Венецуела трката за претседател беше навистина неизвесна – но народот повторно го избра Чавез.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1