Како да се подобри плодноста кај мажите?


infertility-5Не за алкохолот и разните хемиски додатоци

Алкохолот проверено лошо влијае на плодноста и кај мажите и кај жените, но и анаболичките стероиди, опијати, лесни дроги, како што е марихуана, имаат способност да ја намалат машката плодност за 50 %. Затоа идни татковци, особено треба да се внимава да не се конзумира ништо што има ефект сличен на горенаведените производи.

Не на сауната

Сауна и други типови на топли и влажни простории, имаат огромна улога во оштетување на репродуктивниот систем кај мажите и заспорување на правилната спермогенеза. Одвикнете се од ваквите уживања и имајте здрав репродуктивен систем.

Лаптопот подалеку од вашиот скут

Лаптопот никако немојте да го држите во скут, ако ова ви премине во навика, би можело да има фрапантни последици по вашето полово здравје. Лаптопот со работењето загрева, а темперетурата е непријател на тестисите, ја заспорува и оневозможува правилната спермогенеза.

Најдобро е попладне

Според научниците сексот после пладен е најефективен, за партнерите кои работат на потомство. Според истражувањата 17 часот е период кога машкиот репродуктивен систем е најспособен за зачнување.

sperma_spermiji_ja_246366S1Тежината под контрола

Телесната тежина е обратно пропорционална со квалитетот на машката семена течност. Доколку сакате да имате здрав репродуктивен систем и правилна спермогенеза, килограмите морате да ги ставите под контрола.

Моќта на физичката активност

Физичката активност оди во прилог на секој орган, а особено на половиот систем. Мажите кои спортуваат или се физички активни на било кој начин имаат за 30 % поголемо лачење на тестостерон и поквалитетна семена течност, што ги прави и многу повеќе плодни од останатите мажи.

Тесната долна облека може да биде опасна

Можеби тесната долна облека ви изгледа навидум копактно и убаво, но таа не и оди во прилог на вашата плодност. Долната облека треба да биде по широка, за да спречи притискање на тестисите и зголемување на темперетурата.

Точка.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1