По Меѓумурје, Дрниш, Ловран, кај Имотски и Задар земја се урна и во Загреб. Утрото во центарот на Загреб се отворила дупка со димензии 100×120 сантиметри и длабока 150 см.
Како што соопшти полицијата, дупката има тенденции да се прошири.
Сообраќајот во тој дел од градот е во прекин, а известени се сите надлежни служби.