Во текот на вчерашниот ден во училиштето „Браќа Миладиновци“ настанала крвава тепачка помеѓу неколку соученици.
Тепачката се случила околу 11 часот во кругот на СУГС „Браќа Миладиновци“.
Поради меѓусебно нетрпение настанала вербална расправија, која кулминирала со тепачка помеѓу 18-годишниот Ф.Ѓ. и 19-годишниот Н.С., ученици во училиштето.
Тие се удирале со тупаници по главите и телата, од што си нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Press24