Повторно каменуван автобус на ЈСП – повредени две малолетнички


Синоќа се случило уште едно каменување на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје.

jsp iskrsen avtobusНасилници вчера вечер околу 20 часот и 30 минути го каменувале автобусот  со број 47 кој сообраќал кон скопското село Љубанци.
Во инцидентот кој се случил во селото Радишани, повредени се двајца патници од кои едниот на 17-годишна возраст, а другиот на 20-годишна возраст.
Од каменувањето се искршени прозорците на автобусот.
Инцидент се случил и три часа подоцна на булеварот Гоце Делчев каде е каменуван автобус со број 50 на ЈСП „Скопје“.
За среќа во овој инцидент нема повредени.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1