Eве ја песната на Бони Тајлер и Велика Британија за Евровизија (Видео)


Некогашната британска поп ѕвезда Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на годинешниов фестивал за песна на Евровизија,што се одржува во Малме,во Шведска. Велшанката Тајлер,која во седумдесетите и осумдесетите години се прослави со неколку светски хитови,на Евровизија ке ја пее песната „Верувај ми“ што за неа ја направи американскиот композитор Дезмонд Чајлд.

boni tajlerТој и порано имка работено со Тајлер,а има компонирано песни за Бон Џови,за групата „Кис“. Овој американски автор правел песни и за Рики Мартин.

Автори на текстот за британската евровизиска песна се Лорен Кристи и Кристофер Брајд.

Бони Тајлер која сега има 61 година изјави дека е „почестена од одлуката“ таа да ја претставува британската музика на фестивалот на Евровизија.

– Многу сум почестена и задоволна што јас ке ја претставувам Велика Британија во Шведска, изјави Тајлер,објаснувајки дека избраната песна е „многу убава“. Минатата година,британската музика ја претставуваше еден друг ветеран и поранешна поп ѕвезда,76 годишниот Инглберт Хампердинк кој при гласањето во финалето доби само 12 гласови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1