Кезија Нобл 29 годишна девојка е уверена дека секој маж може да го научи како да ја “намами” жената да оди со него во кревет. Нормално тоа го прави за пари. Порано старлета сега е советник за секс и наплаќа 4.000 фунти неделно.
Таа не мисли ниту дека ги “ограбува” мажите туку им помага – а дека е успешна говори фактот дека откако е секс гуру станала милионер.
“Не ги терам мажите да ми ги даваат своите пари. Тие го прават тоа затоа што се очајни. Им помагам да си ја пронајдат сопствената храброст затоа, сите би требало да ми бидат благодарни.
Секако, јас не ги учам да ги хипнотизираат жените, па на тој начин да ги однесат во кревет.,,
Кезија тврди дека им помага и на жените да најдат љубов, така што мажите без шарм ги претвора во материјал за врска, односно дека секоја “жаба може да ја претвори во принц”.
Токму од таа причина, Кезија себе си се смета за спасителка на мажите кои што се во своите доцни 20-ти и 30-ти години, а кои што се уште не пронашле љубов.
,, Имав клиенти кои што со жена не спиеле цели 10 години пред да дојдат кај мене”, објаснила Британката, единствен “експерт за заведување” во земјата.
Таа тврди дека во изминатите неколку години, откако започнала да се занимава со оваа професија од 2006 година, им помогнала на повеќе од 7.000 мажи кои го минале нејзиниот тренинг.
Своите вештини и знаење таа ги пренесува преку “кампови” кои што траат по една недела, а истите чинат по 4.000 фунти за еден “пакет”.