Една жена беше изведена пред Суд во јужниот дел на Франција, бидејќи на својот тригодишен син му облекла маица на која пишувало „Јас сум бомба“ и „Роден на 11 септември“.
Триесет и петгодишната Бухра Багур се нашла пред Судот во Авињон под обвинение за потикнување на тероризмот, бидејќи својот син Џихад го испратила во градинка со маица на која се наоѓале овие натписи. Пресудата поврзана за овој случај се очекува на 10 април.
Багур признала пред Судот дека ваквиот негов потег е „нетактичен“, но тврди дека немала намера да провоцира. Таа истакна дека само сакала да го обележи роденденот на нејзиниот син 11 септември, а немала намера со тоа да упатува на нападите во САД што се случија на 11 септември 2001 година.
Со обвинение се соочува и братот на Бухра, Зејад Багур, кој му ја купил маицата на Џихад.
Обвинителите велат дека нема сомнежи во значењето на маицата.
На братот и сестрата Багур им се заканува казна од пет години затвор и парична казна од 45.000 евра.