59-годишниот Стивен Славин, кој минал 22 месеци во самица во затвор во Њу Мексико, каде што бил толку занемарен што морал сам да си извади заб бидејќи не му одобриле стоматолошки преглед, ќе добие отштета од 15,5 милиони долари.
Во август 2005 бил уапсен под дејство на алкохол и возел наводно украден автомобил. Подоцна било утврдено дека автомобилот всушност му го позајмил пријател. Тој бил депресивен а полицијата сметала дек има самоубиствени намери и затоа го држеле во самица со гумени ѕидови.
Славин од 2005 до 2007 бил во окружниот затвор во Дона Ана. За време на тој период ноктите на нозете толку му пораснале што почнале да се виткаат околу неговите стапала, а поради тоа што не му дозволувале да се истушира, добил габична инфекција на лицето.
Кога излегол од затворот бил целосно обраснат во коса и брада, а лицето му било пропаднато и бледо. Поради третманот тој тужел и добил огрона оштета, најголема досега досудена, но на Славин, кој има рак на белите дробови и кој според прогнозите на лекарите веќе би требало да биде мртов, не му е толку важно колку пари ќе добие, туку главната цел му е да се дознае како бил третиран и какви траги оставил врз него престојот во затвор.