И ЕВН ќе биде во барокно руво


Сите објекти на плоштадот Македонија заедно со зградата на ЕВН и ЕЛЕМ ќе имаат фасади во стилот на „Скопје 2014“. Според последните информации кои ги објави Утрински Весник, освен зградите кои веќе се во овој стил, наредни на барокната агенда е надворешниот изглед на висококатницата на ЕВН и ЕЛЕМ. Од компаниите веќе избрале идејно решение, а бараат и изведувач кој ќе ја реконструира зградата. Ако се’ тече по планот, налето на објектот ќе се преземат градежни активности.

evn zgradaНадлежните не откриваат како ќе изгледа препознатливиот стаклен објект, повикувајќи се на почитување на авторските права. Единствено потврдуваат дека тој ќе се вклопи во постојниот нов амбиент на централното градско подрачје.

„Зградата ќе се реконструира по идејно решение изработено од група автори од Градежниот факултет, кое беше избрано минатата година на конкурс. Во тек е постапката за избор на изведувач и очекуваме до крајот на мај таа да заврши, па да се пристапи кон реализација на терен, во согласност со договорот што ќе биде потпишан со изведувачот.

Динамиката на работа и крајниот термин за изведба ќе зависи од ангажираната фирма. Истото се однесува и за парите што ќе се потрошат за оваа намена, кои ќе се издвојат од буџетите на двете компании“, вели за Утрински Ленче Карпузовска, портпарол во ЕВН.

Утрински

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1