30 год човек се самоуби – и оставил порака на владата


Триесетгодишен маж во Хрватска се самоубил, а во последната порака на својот “Фејсбук“ профил напишал “само пример за другите“, што било наменето на движењето Окупирај ја Хрватска и Владата на Хрватска.

besilkaa2Полицијата потврдила дека станува збор за самоубиство со бесење кое го извршил Дејан Дмитровиќ во ноќта меѓу петокот и саботата.

Дејан пред пораката посветена на Владата на својот профил ги поздравил сите објавувајќу дека “заминува на годишен одмор“, за по некое време да напише дека му е доста од “политичко-тајкунската елита“.

Веста за неговата смрт ја пренеле и активистите на движењето Окупирај ја Хрватска на кои Дејан исто така им се обратил во последната порака.

“Дејан Дмитровиќ си пресудил самиот на себе и му стави крај на својот живот поради наводен долг кон државата. Својата последна порака на Фејсбук ја упатил до нас и на тој начин не задолжи да се бориме уште посилно против гангстерските и мафијашки ѕверови на кои човечките животи ништо не им значат, било да е стар или млад“, пишува на страната на ова движење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1