Темната страна на интернетот: Дилери, убијци, мафија, педофили


internet333Освен убијци, дилери, хакери, обложувачки мафии, свое засолниште во „Deep Web“ најдоа и педофилите, трговците со оружје и другите криминалци. Но, не е сè така црно; „Deep Web“ го користат и „Anonymous“, а активистите на „WikiLeaks“ преку него овозможуваат анонимно ставање на документите.

Ако се прашувате: Зошто некој би сакал да изнајми убиец онлајн?, ќе ви кажеме: Затоа што е анонимно. Оваа организација на поранешни војници нуди платени убиства насекаде во светот.

Просечниот корисник на интернет не е свесен какви мрачни тајни интернетот крие. Некои од нив понекогаш испливаат на површина, обично кога полицијата од неколку земји заедно ги уништуваат педофилските синџири.

internet temna strana2

Педофилите не се единствени кои се сокриени под темната страна на интернетот, наречена „Deep Web“. Тука се и дилерите на дрога, продавачите на оружје, платените убијци.

Ви откриваме што е тоа  „Deep Web“ и какваи тајни сокрива.

Конвенционалните пребараувачи како „Firefox“ или „Chrome“, нема да ви дозволат влез во „Deep Web“. За да влезете во „темната страна“, ќе морате да инсталирате на пример, „Tor“.

Овој пребарувач ќе ви овозможи целосна анонимност. Кога го користите серверите ширум светот ќе ја блокираат вашата врска, сè додека не дојдете до бараната содржина. Но внимавајте, нема да ви се допадне тоа што ќе го видите.

internet droga

До тешки дроги со неколку кликови

Страната „Silk Road“ на продажба ги нуди сите дроги кои можете да ги замислите: амфетамин, хероин, кокаин, дрога за силување…

Страната најчесто се споредува со „Amazon“, само што наместо книги, се купува дрога. Се купува со помош на виртуелни пари наречени „Bitcoin“ кои може да се направат готовина.

internet prodazba

Најевтиното убиство 20.000 долари

Најевтиното убиство на организираните поранешни војници е 20.000 долари. За некој да го означите како мета, морате да му испратите име, место на престој и јасна и нова фотографија. „C’thulhu“ ќе ја направи работата во рок од две до четири недели.

Евтини iPhone телефони 

Сакате да купите iPhone за само 499 долари? „Stolen Mac store“ нуди голем број украдени производи по поволни цени. За четири купени производи ќе добиете еден бесплатно. Од секое ваше купување, 15% ќе бидат дадени на сиромашните.

internet iznajmi haker„Сè за пари“

„Искусен хакер ги нуди своите услуги. Илегално хакирање и социјален инженеринг се моја работа од мојата 16 година.

Никогаш немав вистинска работа па имав време да станам навистина добар хакер и заработив многу пари во последниве 20 години“ – е рекламата на еден хакер на страната „Rent-a-hacker“.

Тој додава дека не е од некои источноевропски земји, и дека ќе биде задоволен со 50 до 100 евра за половина час. „Ќе направам сè за пари. Ако сакате да уништам нечија работа или живот, ќе го направам тоа.“

internet fixЗаборавете на одење во обложувалници, ова е „вистинската работа“

Доколку ве интересира обложување, страната „Fixed match buy in“ ви овозможува обложување на наместени натпревари.

Минималниот влог е 20.000 долари, на што ви е загарантирана заработка од 10.000 долари. „Местиме натпревари во разни натпреварувања во текот на годината, вообичаено секоја недела. Нема да ви откриеме за кој натпревар станува збор, па затоа немојте да прашувате“, вели обложувачката мафија.

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1