Иран ќе го тужи Холивуд поради филмот „Арго“


Иранските медиуми денеска пренесуваат дека властите планираат да го тужат Холивуд поради, со Оскар наградениот, филм „Арго“, бидејќи, според нив, филмот претставува „нереален портрет“ на Иран.

argoДел од иранските медиуми пренесуваат дека во Иран проистигнала француската адвокатка Изабел Кутан-Пјер заради разговор околу тоа како и каде да се поднесе тужбата. Кутан-Пјер беше адвокат и на озлогласениот венецуелски терорист Илич Рамирез Санчез, познат и како Карлос Шакал.

Одлуката за поднесување тужба е донесена откако филмските критичари и и функционери од областа на културата во Иран го гледаа филмот на затворена проекција во Техеран доцна синоќа.

Иранските функционери во февруари, откога „Арго“ го доби Оскарот за најдобар филм изјавија дека станува збор за антииранска и про-ЦИА пропаганда.

Филмот на Бен Афлек се занимава со бегството на шестмина американски заложници од заробената американска амбасада во Техеран во 1979 година. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1