Како не претвораат во зависници од храната


Мајкал Мос поминал над три години анализирајќи податоци на оваа тема. Открил бројни трикови кои прехранбената индустрија ги чува како најстрога тајна. Тој открил дека тајната лежи во „несветото тројство“ – шеќерот, солта и мастите. Шеќерот е тој кој врз мозокот делува исто како кокаинот. До ова сознание Мос дошол скенирајќи го мозокот. Имено овој орган реагира исто на шеќер и на кокаин.

šećer-otrovСветиот грал на производителите на храна е постигнувањето на совршена врска меѓу храната и чувството на среќа во мозокот.

Како се создава зависноста?

Производителите кои најмногу се користат со солта, шеќерот и мастите имаат највисоки приходи. Мос побарал од трите најдобри компании во оваа област да му ги подговтат најпродаваните производи со помали количини од овие состојки.

„И? Што се случува кога ќе се произведат крекери со помалку сол? Тие ја губат магијата, имаат вкус на слама или картон“, пишува авторот.

Истото се случува со супите, месото, лебот. „Ако им одеземете дел од солта, шеќерот и мастите, ништо нема да остане“, пишува Мос.

Еден од триковите кој се користи е мелењето на солта во фин прав за побрзо и посилно да го погоди непцето. На овој начин, пишува Мос, чипсот стана многу повкусен отколку пред 20 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1