Туристичките убавини на Македонија ќе се рекламираат на Гугл


Македонскиот туризам ќе биде презентиран на интернет пребарувачот Гугл, со цел да се претстават убавините на Македонија и да се привлечат туристи.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека во рамки на другите активности што се преземаат за развој на туризмот, е и промовирањето на Македонија преку Гугл.

makedonija zname– Туризмот е една од клучните гранки, бидејќи се работи за извозна дејност, носи девизен прилив и е важна за Република Македонија. Вложуваме доста и во делот на креирање понуда за туристи, меѓутоа и во делот на рекламирање и презентирање на земјата пред странските туристи. Во тие рамки Гугл е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и во рамки на останатите активности е и промоцијата на Македонија преку Гугл, истакна Ставрески.

Тој верува дека на таков начин многу поголем број луѓе ќе дојдат до сознанија за Македонија во очекување дека голем дел од нив и да дојдат да ја посетат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1