Грција со протестна нота до македонското МНР


Протестна нота од грчкото до македонското МНР ќе достави Атина за сквернавењето на грчките воени гробишта во Валандово.

Шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје исконтактирал со нашето министерство за надворешни работи, изразил згрозеност и побарал итно расчистување на случајот и потенцирал дека овој настан не им оди во прилог на добрососедските односи и ги отежнува релациите меѓу двете земји.

grobista-1-„По наредба на министерот за надворешни работи на Димитрис Аврамопулос, шефот на канцеларијата за врски во Скопје ќе достави официјална протесна нота до Министерството за надворешни работи на ФИРОМ, во која ќе побара од властите да го осудат инцидентот и да ги преземат сите задолжителни мерки за пронаоѓање и казнување на виновниците, како и за санирање на материјалната штета.

За жал, ваквите настани, уште еднаш ги потврдуваат опасностите и последиците од национализмот и популизмот што се негува во ФИРОМ и доаѓа до степен брутално да ги навредува мртвите и да покажува непочитување на историјата – пишува во соопштението од грчкото МНР.

Според нив, предизвиканата материјална штета е голема, а на лице место, во Валандово се упатиле претставник на грчката канцеларија за врски и военото аташе.

Според информациите на Канал 5, вандалскиот чин се случил пред неколку дена, биле оштетени надгорбните плочи и искршени крстовите на гробиштата на загинатите грчки војници од Првата светска војна.

Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1