Грците почнаа да штедат на леб


white-breadГрците поради сиромаштија почнаа да штедат на леб, покажуваат резултатите од истражувањето на грчката федерација на производителите на леб, според кое производството на 90 отсто од фурните во земјата е намалено за 36 проценти.

Двајца од десет потрошувачи, кои учествувале во анкетата, изјавиле дека повеќе не купуваат леб. Секој втор испитаник одговорил дека повеќе сака да купува леб од фурна поради неговиот подобар квалитет.

Прогнозите за развој на овој секторот во следните две години не се воопшто добри. Се очекува 3.000 од вкупно 14.000 фурни во Грција да бидат затворени, изјави претседателот на федерацијата Михалис Мусиос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1