Птиците порано имале 4 крила (Фото)


Кинеските научници ги проучуваат фосилите на неколку видови на птици стари од 100 до 150 милиони години. Откриено е дека овие праисториски двеножни рбетници, имале голем број на пердуви на секоја пета, а некои од истите се долги и до пет сантиметри, што укажува дека биле дел од системот на четворокрилно летање.


Ptice 4Некои од примитивните видови на птици имале четири крила, за да подоцна во текот на еволуцијата да ги изгубат ножните перја во корист на ножните пердуви, тврдат кинеските научници.
Претходните истражувања открија дека постоеле птицолики диносауруси со пердуви на задните нозе, но за истите постоеле многу мал број на докази, како и за тоа дека птиците потекнуваат од диносаурусите.
Иако најновите откритија потврдија дека праисториските птици имаат пердувести нозе, сепак не е докрај јасно дали истите ги користеле при летањето.

Кинеските научници, кои дојдоа до ваквото откритие, чии детали се претставени во студијата објавена во американското научно списание Science, при истражувањето на 11 фосилизирани примероци, увиделе дека нивните пердувести нозе се користеле во четворокрилниот систем.

Ptica„Истражувачите ваквите податоци ги собирале и ги чувале во музејот Шандонг Тианли во северниот дел на Кина“, вели водечкиот истражувач на студијата и познат истражувач на диносаурусите Синг Су.
11-те откриени примероци биле со големина, поголеми од гаврани, но помали од мисирки. Сепак не сите научници сметаат дека пердувите ги користеле при летањето.

Некои од научниците сметаат дека истите ги користеле за привлекување на партнерот. Птиците опишани во студијата дошле од Креда периодот и пред 100 до 150 милиони години, во времето на диносаурусите.

Ножните пердуви се појавуваат и кај некои модерни птици, како што се егзотичните птици, кои се одгледуваат поради нивната убавина и реткост.
Некои птици како на пример златниот орел, се чува пред се поради предувите на нозете, но истите тој не ги користи како алатка за летање, туку за заштита од сонцето и студот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1