Лазарус проект – враќањето од мртвите станува реалност (Видео)


54016_web

Научниците успеаа да вратат во живот изумрен вид на жаба. Веќе во тек се и разговори за враќање во живот и на други изгубени видови, со помош на нивната ДНК.

Ова е настан со историски пропорции и е од големо значење. Можат да се вратат мастодонтите и мамутите, како и други изумрени животни.

Може да се користи и за заживување на неандерталците и другите видови, доколку нивната ДНК би можела да биде реконструирана.

Генот на изумрената австралиска жаба е оживеан и реактивиран од страна на тим на научници кои користеле софистицирана технологија за клонирање, која може да овозможи од имплант „мртво“ клеточно јадро, да го претвори во свежо јајце од друг вид на жаба.

Жабата која што била вратена во живот потекнува од планинските шуми во Квинсленд.

За нејзе било карактеристично тоа што нејзините јајца ги снесувала преку устата, а се верува дека изумрела во 1983 година.

54017_web

Јадрата од ткивата кои биле собрани од 1970-те години се чуваат 40 години во конвенционален длабок замрзнувач. Истражувачите успеале да ги активираат јајцата и да ги заменат со мртвите јадра од изумрените жаби.

Некои од јајцата спонтано почнале да се делат и да растат во раната фаза од ембрионот. Иако ниту еден од ембрионите не преживеал по неколку дена, генетските тестови потврдија дека делечките клетки содржат генетски материјал од изумрените жаби.

Засега резултатите не се објавени, но научниците се уверени дека пречките при комплетниот успех на преживување на ваквите жаби пред се се технолошки, а не биолошки. Тоа го смета доктор Ендрју Френч и неговиот колега Јитонг Гуо водечките луѓе на целиот проект.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1