Кипар во паника – жителите ги празнат банкоматите


Според договорот што беше постигнат по итна постапка во саботата во Брисел, се воведува единечен данок од 9,9 проценти на депозитите со повеќе од 100.000 евра во кипарските банки и почнува да важи од вторник – првпат се одземаат пари директно од обичните штедачи.

bankarpljacka-bankomat-beocin-1328585176-98758Данокот ќе важи за богатите штедачи во Kипар, повеќето од нив Руси, кои имаат депонирано огромни суми во тамошните банки во последните неколку години. Но, дури и депозитите со помалку суми ќе бидат оданочени за 6,75 проценти, што значи кипарските кредитори ќе конфискуваат пари директно од пензионерите, работниците и од обичните штедачи за да се исплати сметката за планот за спас.

Нервозните штедачи го исцедија кешот од банкоматите во Kипар во текот на викендот, неколку часа откако европските политичари во Брисел побараа дел од новиот план за спас вреден 10 милијарди евра да биде платен директно од банкарските сметки на обичните граѓани.

Иако банките ја ограничија сумата што може да се повлече од банкоматите на 400 евра, повеќето од нив ја потрошија готовината рано во ноќта. Луѓето во земјата реагираа со неверување и со гнев.

Со  Данокот на депозити се планира да се соберат 5,8 милијарди евра

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1