Фактот дека Кина сака да стане нова глобална суперсила не е нешто што би требало да не изненади. Додека Запад полека се гуши во својата алчност, Кина продолжува да го откупува долгот на Америка и да ги обезбеди светските природни ресурси.
Но, се чини дека Кина ги премина со организирањето на економијата и ги премина на организирање на квалитетот на своето потомство. Кинеските научници собрале ДНК примероци од повеќе од 2000 најпаметни луѓе на светот и во моментов вршат секвенцирање на нивните гени, во обид да се идентификуваат алелите кои придонеле за човековата интелегенција, а се чини дека тие не се далеку од нивното откритие.
Скенирањето на ембрионите ќе им овозможи на родителите да го изберат најпаметниот зигот и потенцијално да го зголемат коефициентот на интелегенција на секоја наредна генерација од 5 до 15 поени. Еволутивниот психолог Џефри Милер е еден од 2000 луѓе кои донирале од сопствената ДНК.
Новинар на магазинот Vice се решил да дознае повеќе за оваа кинеска програма и за тоа што во иднина истата ќе им донесе на децата во оваа земја.
Дали Кина има историја на справување со еугеника?
Кога Денг Сјаопинг дојде на власт во касните 70-ти години, на минатиот век, го померил фокусот со организирање на економијата на организирање на квалитет и квантитет на населението. Во текот на 90-те години почна да се прави големо пренатално тестирање во потрага по дефекти кај бебињата со помош на ултра звук, а неодамна почна да се трошат и големи суми на пари за истражување на хумана генетика со цел да се откријат гените кои ги прават луѓето попаметни.
Што знаете за BGI Шенжен центарот каде што се спроведуваат овие истражувања?
Тоа е најголемиот центар за генетско истржаување во Кина, а можеби и во светот. Научниците од центарот не се занимаваат само со човечката генетика, туку и со генетиката на растенијата и животните, всушност сите работи кои би можеле да бидат релевантни или интересни за науката.
Дали контактиравте со нив?
Пред неколку дена добив пораки во кои ме известија дека тие имаат завршено секвенционирање на геноот кој јас го приложив и дека резултатите ќе бидат наскоро достапни
Како изгледаше процесот на одбирање на кандидатите?
Се чини дека најмногу беа заинтересирани за лица од Европа и Кина. Регрутирањето воглавно се правело на научни конференции или преку препораки. Единствено било потребно да докажете дека сте паметни колку што се зборува.
Како ова истражување ќе биде користено?
Еднаш кога ќе ја добиете потребната информација и оплодената јајце клетка ќе биде поделена на клетки, ќе бидете во можност да ги извршите тестовите на клетките за да се утврди потенцијалната интелегенција на лицето кое ќе се роди.
Како ова истражување ќе се користи?
Еднаш кога ќе ја добиете потребната информација и оплоденото јаце ќе биде поделено на неколку клетки, ќе можете да извршите тестови на клетките како би ја утврдиле потенцијалната интелегенција на личноста која ќе биде родена.
Што тоа им значи на обичните луѓе?
Секоја двојка во теорија, би можела во лабораторијата да оплоди неколку јајциња од спермата и мајчините јаце клетки. Потоа можете да ги тестирате и да се анализираат голем број на ембриони и да анализирате кој од нив е најпаметен. Детето би припаднало на таа двојка и доколку истата го направела по природен пат, но би било најпаметно доколку би направиле 100 деца.
И во текот на неколку генерации, експоненцијално може да се подигне интелегенцијата на целата нација?
Точно така. Дури и ако овој процес ја зголеми интелегенцијата на детето за неколку поени, тоа е огромна разлика во економската продуктивност, конкурентноста на земјата, како и во иновативната економија.
Кога оваа анализа на ембрионите би можела да почне да се применува масовно?
Од употребата на технологијата до скенирање на ембрионот би можеле да минат пет до десет годни, но би можеле да минат и неколку години. Се зависи од тоа колку научниците се мотивирани.
Дали овој процес би можел да се повтори со други карактеристики, како на пример физичкиот изглед?
Апсолутно. Всушност, тоа би било значително лесно да се направи него што е случај со интелегенцијата. Знаеме дека интелегенцијата зависи од голем број на гени, додека кај физиките црти, како бојата на очите или косата, зависи само од нив. Работите како изгледот на телото многу е полесно да се променат, физичката атрактивност би била прилично тешка додека карактеристиките на личноста можеме полесно да ги преуредиме од интелегенцијата – колку е некој вреден, имплусивен или либерален.
Како истражувањето со други земји може да се спореди со ова?
Остатокот од ветот е сосема зад Кина. Имаат идентични технички способности, но, тие собираат податоци за многу поголеми примероци и побрзо ги трасформираат научните откритија во државната политика и потрошувачката генетика од нас. Ако ја погледнеме нашата техника и наука и ние би требало да го работиме сето ова, но не го работиме.
Зошто не?
Постојат одредени идеолошки проблеми меѓу научниците кои сигурно ќе дојдат до површината. Не би требало да се мешаме во работите за кои е задолжена природата, не би требало да си играме господ. За разлика од нас, Кина, 95% од научниците би рекле „Зошто да не, зошто да не ги направиме нашите деца попаметни, посреќни, позадоволни“.
Што уште Кина работи, а ние не?
Кина инвестира големи количества на пари во образованието и креативниот процес на учење, создава систем универзитети и испраќа илјадници студенти во Америка и Европа, за да видат како нашите образовни системи функционираат, како би нивното школство го подигнат, ако не и надминат тоа ниво.