Вработен во ЕВН Македонија кој крадел струја се соочува затворска казна во времетраење од пет години, губење на работното место и висока парична казна.
Имено по извршената контрола на мерното место кај И.П., вработените во ЕВН заклучиле дека има неовластено користење на електричната енергија.
Против лицето кое направило прекршување на законот се превземени правни мерки а изготвена е и пресметка за неовластено користење, поднесена е кривична пријава но и поведена е дисциплинска постапка.