Српскиот медиум вести-онлајн објави дека Есма не криела дека во исто време е разочарана, повредена и бесна од новата песна која ќе ја преставува Македонија на евровизија со наслов „Пред да се раздени“.
„Иако песната не ми се допаѓа, не можам ништо да направам. Тие сакаа да пеам на ромски јазик и на Симеон му беше така наредено. Зошто да пеам на ромски, можев и јас на македонски, тоа и го сакав, но не ми дозволија. Приказната ќе беше поинаква ако го отпеевме рефренот заедно, макар и на ромски“- се пожалила Есма.
Најмногу е револтирана што во песната е како придружен вокал.
-Што да Ви кажам, ни малку не сум задоволна. Она што сега го пеам не е тоа тоа. Јас пејам, но како придружен вокал на Влатко. Тој пее три стиха и тоа ги повторува, а јас треба да излезам на сцена и да отпеам само два. Пеам преку 55 години и сега треба да бидам само придружен вокал. Тоа нема смисла. Ајде да не знаев да пеам, во ред, но јас знам да пеам. Голтам кнедли и молчам, што да правам“ – Изјавила Есма.