Во дописот до македонскиот Совет за радиодифузија со извинување за “превидот“ настанат во соопштението од 11-ти мај минатата година “Пинк медиа груп“ пишува дека “Македонија ја доживува како пријателска земја и намерата не била да ги навреди граѓаните на Македонија, поради што им се извинува на сите граѓани.
-Советот за радиодифузија го поздравува ваквиот гест на ’Пинк медиа груп’. Меѓутоа, за да се вратат програмските сервизи на оваа групација во пакетите на јавните комуникациски мрежи неопходно е да се исполнат и други услови кои важат за сите радиодифузери на територијата на Македонија. Имено, ’Пинк медиа груп“ има неплатен долг кон Советот за радиодифузија за дозволата за вршење радиодифузна дејност на ’Пинк 15’“, се вели во соопштението од СРД.
Во соопштението СРД ја посетува српската групација дека освен долгот кон регулаторното тело треба да ги подмири и долговите кон поранешните вработени во скопската телевизија.