Како да направите домашно суши со македонски состојки (Видео)


Во принцип, сè си е објаснето и напишано на видеото, така што можете да забележите дека сушито и не било толку тешко за правење. Потешко е да се најде свежа риба и евтини алги. Еве како сајтот karas4training.com препорачува да си направите Суши во Македонија. 

karas-4380Препорачливо е оризот да биде специјализиран за суши, во спротивно ќе добиете сарма за краен производ.

Ако сакате да ставите риба, најубаво купете свеж лосос кој од морските риби е најмногу застапен кај нас. Инаку може да пробате и со пастрмка, зошто да не!

Авокадото е пожелна состојка исто како и краставицата. Инаку сите продукти можат готови да се купат во големите супермаркети или во продавниците за органска храна.

Подолу објаснување како да си направите сами Васаби и Ѓумбир

За жал, свежо Васаби кај нас нема, но има свеж обичен рен кој може да биде одлична варијанта на Васаби што ќе ги задоволи вашите потреби за овој специфично лут зачин. Доколку јапонското Васаби ви е скапо или недостапно, направете си македонско Васаби со локален рен!

1. Ренот се мие убаво, се лупи и се става во блендер заедно со малку сол и уште помалку шеќер.

2. По потреба се дотура вода.

3. Се пасира, а смесата се остава во кеса да отстои 15 минути.

4. Се сервира на собна температура, а остатоците се ставаат во фрижидер.

Да купите кисел ѓумбир во тегла може да биде скапо задоволство. Затоа обидете се сами.

Купете си свежи коренчиња и погледнете го видеото за да видите како да си го подготвите дома, заедно со суши, или како прилог за други оброци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1