Британката Мишел (30) пред седум месеци го родила своето прво дете, а поради компликациите кои настанале по раѓањето, живеела во болки поради која, меѓу другото, не би можела да има полови односи со својот сопруг.
Всушност компликациите настанале како резултат на епизиотомија, нешто за кое што непосредно пред раѓањето, или при породувањето, потребно е да се изврши царски рез, за да се олесни излегувањето на детето од матката.
По породувањето, докторите резот го зашиле прецврсто и премногу ја затегнале кожата во делот кај вагината, поради што Мишел имала болки.
Болка чувствува додека се движела, седела, станувала, тампони не можела да користи, а сексот не доаѓал во предвид.
Агонијата се решила кога се обратила на докторот Дон, кој по прегледот заклучил дека вагината е оштетена, па ја испратил на специјалист, кој со мал операционен зафат го конструрал влезот на вагината.
Само 12 недели по операцијата, животот на Мишел се вратил во нормала и сега конечно ќе може да работи на проширување на семејството.