Научниците од Унивеерзитетот Мичиген во Сад, потврдија дека е откриена првата двоглава ајкула “замбези” позната како бик ајкула, и нагласија дека не станува збор за сијамски близнаци
Научникот Мајкл Вагнер вели дека овој примерокот откриен во Мексиканскиот залив во 2011 година, претставува прв забележан случај на дицефалија кај бик ајкулата.
-Ова е еден од ретките и интересни феномени. Убаво е што го имаме овој примерок за историјата, но и мораме да пронајдеме уште многу слични, пред да заклучиме што се примероците- вели Вагнер.
Причината за отежнато набавување докази е тоа што примероците со аномалии умираат брзо по раѓањето. Во првиот случај рибар пронашол ајкула, кога ја отворил матката на возрасната ајкула.
-Ќе видите многу повеќе случаи на двоглави гуштери и змии, затоа што поголем број од нив се чува во заточеништво и нивните чувари ќе ги забележат нивните аномалии-додава тој.
Со магнетен скенер е откриено дали ајкулата имала две одвоени глави, срце и стомак, а останатиот дел од телото бил споен со р’бетот. Некои овој деформитет го препишуваат на загадувањето.
-Со оглед на времето на откривање на ајкулата, кога дојде до излевање на нафтата, јасно ми е зошто некои излегуваат со искривени заклучоци, но немаме никакви докази за тоа- смета Вагнер.