Украле комбе со 12 мртовечки ковчези


262137_nis-01-pogrebnici-odnose-yelo-ubijene-sdj-k-kamenov_fВо полскиот град Познањ почна судење на тројца мажи кои се уапсени во Полска под сомнение дека во Германија украле комбе во кое имало 12 мртовечки ковчези со тела на покојници.

Осомничените беа уапсени во октомври, а мртовечките ковчези потоа се пронајдени близу градот Конин на запад во Полска.

Крадците одлучиле да се „ослободат“ од ковчезите откако сфатиле дека ненамерно украле комбе кое било на пат кон крематориум. Доколку бидат осудени, им се заканува 10-годишна затворска казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1