Загинатите момчиња биле на свадба кај пратеничката Маринела Тушева


Трите момчиња од Штип што вчера загинаа во сообраќајна несреќа пред наплатната рампа на автопатот Скопје – Велес биле од свадба, јави МКД.мк.

ZAGINATI DECA
Како што дознава порталот од роднини на загинатите, момчињата биле на свадба кај пратеничката Маринела Тушева од СДСМ. На свадбата бил поканет Стефан Н., а Бојан Б. (24) и Јани Д. (18) заминале со Стефан за да му прават друштво.

Како што пишува Вест свадбата на Тушева била во Саботата вечерта, а момчињата на свадба заминале цело друштво со 2 автомобила. Едните се вратиле во Штип веднаш по свадбата, а 3 момчиња останале да преспијат во Скопје и утредента се враќале во Штип.

Тројцата загинаа синоќа пред полноќ откако возилото „фолксваген поло“, кое го управувал Стефан Н., излетало од патот на околу 200 метри пред наплатната рампа на автопатот Скопје – Велес.
По веста за трагедијата вчера сите кафулиња во Штип ја изгаснаа музиката, а денеска и утре се прогласени денови на жалост. Несреќните момчиња ќе бидат погребени утре на градските гробишта во Штип.

ШТИП ЗАВИЕН ВО ЦРНО – ОВА СЕ МОМЧИЊАТА КОИ ЗАГИНАА КАЈ ПЕТРОВЕЦ
ТРИ МЛАДИ МОМЧИЊА ОД ШТИП ЗАГИНАА КАЈ ПЕТРОВЕЦ (ФОТО)

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1