Заврши рокот во кој Управниот суд вечерва требаше да одлучи по 142 тужби на политичките партии против одлуките на ДИК за првиот круг од Локалните избори. Управниот суд ги одби тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за прегласување во Кичево, со што изборот на Фатмир Дехари за градоначалник се официјализира.
Одбиени се и жалбите на опозицискиот СДСМ за прегласување во Аеродром, Штип, Прилеп, како и 35-те тужби на ДОМ и четирите на Демократската партија на Турците за Пласница.
Управниот суд го заврши претресот и за тужбите на СДСМ на одлуката на ДИК за поништување на гласањето на три избирачки места во Струмица. Во меѓувреме, се проверува избирачкиот материјал со записниците од трите избирачки места од оваа општина. Одлуката што ќе ја донесат судиите, треба вечерва да биде објавена на веб страницата на Управниот суд, по што ќе се знае дали ќе има прегласување во Струмица.
До Управниот суд беа поднесени 142 тужби, најголем дел 102 од опозицискот „Сојуз за иднината“ предоводен од СДСМ.
Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките по приговор и тужбата на Управниот суд се конечни.
Сител