Група француски археолози во Судан, во текот на изминатите неколку години откопаа 35 пирамиди стари 2.000 години, што по својот изглед се поскромни од оние во Египет. Пирамидите се изградени кон крајот на постоењето на богатото кралство Мерое, меѓу 100 и 200 година пред Христос. Ги откриле Клод Рили и членовите на неговиот тим во местото Седеинги.
Некрополата со околу 1.000 гробници се простира на 40 хектари површина, а занимливо е што некои од пирамидите не се повисоки од еден метар.
-Изградени се од цигли, а досега е откопана една четвртина. На некои места толку се густо поставени да меѓу нив не може да се мине, рече Рили.
Археолошките ископувањаи траат три години, а наоѓалиштето Седеинга се наоѓа на околу 200 километри од египетската граница.
-Египетските пирамиди се постари од суданските, но суданските се побројни, во шега изјавува Рили, додавајќи дека во Египет пирамидите биле посветени на фараоните, а во Судан, навистина во помали габарити, ги имале и обичните смртници.
Рили изрази жалење што археолозите во гробниците успеале да пронајдат само мал број вредни археолошки предмети од тој период, бидејќи археолошките наоѓалишта веќе претходно биле ограбени. Северниот дел на денешен Судан бил под власта на Египет околу 500 години, до 1000 година пред Христос.