Ќе се води независна истрага за Никола Младенов?


Не само МВР, сообраќајна анализа на возилото и на излетувањето на Никола Младенов ќе прави и независен вештак, експерт по сообраќај. Тој направил увид на местото на несреќата и има првични информации за настанот, пишува Алфа ТВ.

mladenov-nesrekaВо МВР потврдуваат дека имаат наредба само за сообраќајно вештачење кое утре или задутре ќе го испратат кај истражниот судија. Од содржината ќе зависи дали истражниот ќе издаде налог за техничко вештачење кое е можно да го прави МВР или Машинскиот факултет. Пред да се одлучи дали возилото технички ќе се анализира, што е извесно, ќе се прави независниот сообраќаен извештај на експертот од Скопје, по се изгледа во текот на наредната недела.
До сега за несреќата не е земена изјава од никого – не е повикана ниту сопругата на Младенов, ниту лицата со кои контактирал дента. Се нема ниту пак некој пријавено во полицијата дека последните часови пред несреќата имал средба со новинарот на „Фокус“ на потегот од Скопје кон Велес. Изјавите ќе се наметнат како неопходни откако истражниот ќе одлучи дало ќе отвори официјална истрага. Од одлуката на судот ќе зависи и потегот на семејството на Младенов, односно дали ќе инсиситираат независни експерти да се вклучат во поголем број по нивен предлог, пишува Алфа.
Извор – Алфа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1