Не само МВР, сообраќајна анализа на возилото и на излетувањето на Никола Младенов ќе прави и независен вештак, експерт по сообраќај. Тој направил увид на местото на несреќата и има првични информации за настанот, пишува Алфа ТВ.

До сега за несреќата не е земена изјава од никого – не е повикана ниту сопругата на Младенов, ниту лицата со кои контактирал дента. Се нема ниту пак некој пријавено во полицијата дека последните часови пред несреќата имал средба со новинарот на „Фокус“ на потегот од Скопје кон Велес. Изјавите ќе се наметнат како неопходни откако истражниот ќе одлучи дало ќе отвори официјална истрага. Од одлуката на судот ќе зависи и потегот на семејството на Младенов, односно дали ќе инсиситираат независни експерти да се вклучат во поголем број по нивен предлог, пишува Алфа.
Извор – Алфа