Oд 600 кандидати Македонка номинирана за најдобар имигрант во Канада


Александра Настеска е номинирана за топ 25 имигранти во Канада. Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество.

aleksadnra nasteskaОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра.  Ве молиме кликнете ТУКА за да го дадете својот глас за Александра.

“Почестена и возбудена сум што ме избраа помеѓу овие исклучителни 75 финалисти. Се надевам дека како финалист и како Македонка ќе и овозможам на канадските граѓани да дознаат повеќе за Македонија и нашата култура. Многу е важно да се подигне свеста на луѓето во врска со прашањата во Макеонија, за имигрантите во Канада” рече Настеска.
Оваа година во Канада беа номинирани 600 имигранти, а жири комисијата ја избра Александра Настеска како еден од 75 финалисти. Во минатото добитницина оваа награда се пратеникот Оливија Чоу, глумицата номинирана за Оскар Депа Метха, како гувернерите Адриен Кларксон и Мишеле Жан. Лауреати сеимигранти кои ја имаат прифатено нивната заедница и имаат придонесено кон канадското општество со поддршка и помош слична на таа кога прв пат пристигнале во Канада.

Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот. Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска е основач на кампањата за канадско лидерство “Ние од Канада” која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио+20 конференцијана Обединетите нации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1