Нема да гласаат граѓани со македонски пасоши, а адреса во странство


pasos-makedonskiГраѓаните кои имаат македонски документи, а жителство во друга земја нема да можат да гласаат на вториот круг од изборите.

ДИК по барање на Општинската изборна комисија Ресен во врска со остварување на гласачкото право на граѓани кои се идентификуваат со биометриска патна исправа издадена од МВР, а во која како место на живеење е наведена Република Албанија, заклучи дека не смее да им се дозволи да гласаат на граѓаните кои се идентификуваат со биометриска патна исправа издадена од МВР, доколку не е наведена постојана македонска адреса. Овој заклучок, ќе биде дистрибуиран до сите ОИК.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1