Среде Атина географска карта со уставното име на Македонија – им ја шлапна в лице германски министер


GERMANIJA-KARTA-33

Пред очите на грчката министерка за туризам Олга Кефалојанис во вторникот среде Атина беше распослана географска карта во која Република Македонија е запишана под уставното име со оригиналната кратенка МК, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Географската карта на која што е прикажана југоисточна Европа ја презентираше германскиот заменик-министер за труд Ханс Јоаким Фучел, во рамките на состанокот со Кефалојанис.

Грчките медиуми пишуваат дека ваквиот потег на претставникот на германската канцеларка Ангела Меркел ги изненадил присутните, но грчката министерка не реагирала поради како што велат “фактот што високиот германски функционер направил провокација пред грчките владини функционери”.

Извор – Нет прес

GERMANIJA-KARTA-2

GERMANIJA-KARTA-33

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1