Поплавени куќи во Пештани, Охридско Езеро 21 сантиметар над максимумот


Poplava_kuki_Pestani_3apr13-OhridNewsЗголеменото ниво на Охридското Езеро предизвика проблеми долж крајбрежјето и поплави неколку куќи во Пештани. Поплавени се и поголемиот број плажи, а екологистите стравуваат од евентуално излевање на веќе оптоварениот колекторски систем, известува „Охрид Њуз“.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека нивото на езерото во последните два дена е непроменето и е за 21 сантиметар поголемо од максималната кота.
Нивото на езерото значително се покачи поради интензивните врнежи од дожд што го зафатија регионот изминатиот период.

 Ohrid news

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1