Рускиот претседател Владимир Путин им даде на руските службеници рок од три месеци да ги затворат сметките во странски банки или во спротивно ќе добијат отказ.
Според новиот пропис руските службеници мора да поднесат пријава за својата имотна состојба до 1 јули.
Шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Иванов изјави дека тие до овој рок ќе мораат да ги затворат сметките во странските банки. Оние што поседуваат недвижности во странство ќе мораат да објаснат како ги купиле истите, а тие што нема да можат да достават образложение ќе бидат отпуштени.
Портпаролот на Путин Дмитри Песков истакна дека нема да има „недопирливи“.
Путин ваквата мерка првично ја најави во говорот од декември минатата година, во рамките на борбата против корупцијата.
Миа