Нацистите планирале да разнесуваат градови со помош на „вселенско огледало“


Иако звучи како ситуација од филмовите со Џемс Бонд, нацистите имале план да создадат гигантско вселенско оружје кое би ги користело сончевите зраци. Огледалото широко два километри требало, како лупа, да ги фокусира сончевите зраци на целта.

Adolf-HitlerФотографиите од списанието „Life“ од 1945 година им покажаа на читателите како експертите од американската војска ги откриле фактите дека германските научници сериозно планирале изградба на вакво оружје.

Херман Оберт бил германски физичар и инженер роден во Австроунгарија, а се смета за еден од зачетниците на астронаутиката и производството на ракети. Својата прва ракета ја направил уште како 14-годишен, а познатите ракети „V-2“ содржеле некои од неговите изуми и идеи.

Идејата за огромно вселенско огледало почнала во 1923 година, а Оберт проценил дека изградбата би чинела околу три милиони марки и би траела околу 15 години.

Lansiranje-V-2-poznate-i-kao-Fau-2-prvog-ljudskog-objekta-u-svemiru.-Hitlerova-Nemacka-Treci-Rajh Изворната намена била на жителите на Земјата да им пружа сончева светлост по потреба. Се до 1957 година Оберт бил убеден дека неговото вселенско огледало би можело да стане реалност, а често го опишувал и како „ултимативно оружје“.

Кога сојузниците во 1945 година почнале да копаат по нацистичките воени планови откриле дека нацистите ги доработиле идеите на Оберт и почнале да бараат можност да го изградат ова оружје. Иако нема никакви официјални детали за изградбата на ова оружје, списанието „Life“ сметало дека огледалото во орбитата треба да стаса во веќе монтирани делови.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1