Видео: Вака ќе изгледа нападот на Северна Кореја на Америка


CNN објави симулација под името „Како би можела да се одвива Корејската војна“. Пензионираниот американски генерал Џејмс Маркс го образложил начинот на кој би можеле да се движат борбените операции.

,,Прво што ќе видиме ќе биде голема концентрација на вооружен арсенал и насочување на проектили на Северна Кореја на цели во Јужна Кореја, на пример на Сеул, кој е само малку појужно од демилитаризираните зони,, наведува генерал Џејмс.

koreja simulacija napad

Според неговите зборови, проблемот е во тоа што Пјонгјанг може да го однесе оружјето на планинските венци на северниот дел од корејската демилитаризираната зона, каде тешко би можеле да го видат.

Првиот одговор на САД и Јужна Кореја би бил воздушен напад на севернокорејските копнени цели, по што би следело уништување на противвоздушната одбрана и командните центри. Потоа би ги окупирале мостовите на северот на земјата оневозможувајќи го движењето на воените сили во таа земја.САД веќе ја интензивираше присутноста на носачите на авиони и останати морнарски сили во близина на Корејскиот полуостров, а на територијата на Јапонија и Јужна Кореја се наоѓаат огромен број на борбени авиони.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1