Сакал да убие глушец, но се застрелал во чело


Дејл Витмел (40) од Онтарио случајно пукал во себе и тоа во чело обидувајќи се да убие глушец. Тој сакал со држачот од пушката да го удри глодарот, меѓутоа оружјето му паднало и испукало еден куршум кој го погодил во чело.

Во локалната полициска станица велат дека Дејл имал премногу среќа што поминал со полесни повреди, и што овој инцидент немал фатален крај. Тие исто така велат дека тој дури и не знаел оти пушката била наполнета со муниција.

Дејл е префрлен во болница каде ми се санирани повредите, но против него е покрената постапка за намерно користење огнено оружје.

За овој случај Дејл треба да се појави на суд на 17 септември.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1