Македонија утре ќе го пречека Јохан – организиран превоз до аеродром и дочек на плоштадот


johan so znameУтре во 15 часот авионот од Диез ќе слета на „Александар Македонски“, а за сите граѓани е овозможен бесплатен превоз до аеродромот со автобуси кои во 13 часот ќе тргнуваат од паркингот на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.

По пристигнувањето во Скопје, Јохан ќе има средба со премиерот Никола Груевски во владата , за оттаму да се упати преку „Портата Македонија“ до споменикот на бранителите, каде ќе положи цвеќе и ќе одржи говор.

Здружението ,,Јохан Тарчуловски“,  според програмата, потоа најавува концерт на плоштадот „Македонија“ со настап на музички и естрадни ѕвезди.

СЕ ПРЕКРСТИ, ГО БАКНА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И ЈА ГУШНА СОЊА – ЈОХАН Е НА СЛОБОДА (ФОТО)
ЈОХАН Е НА СЛОБОДА (ФОТО)
ВИДЕО – ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ЈОХАН ОД ЗАТВОРОТ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1