Рајд за прв пат ја посети вселената на 32 години со „Челинџер“ во 1983 година. Откако таа го скрши мразот, повеќе од 42 Американки го следеа нејзиниот пример и отидоа во вселената.
– Сали беше национален херој и силен пример. Таа инспирираше генерации млади девојки да посегнат по ѕвездите – стои во соопштението од претседателот Барак Обама.
– Сали ги скрши бариерите со својата професионалност и го смени лицето на американската вселенска програма – изјави Чарлс Болден, поранешен астронаут.
Рајд беше физичар, автор на неколку научни книги за деца и претседателка на компанија во нејзина сопственост. Беше професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего.
За астронаут била избрана во 1978 откако победи 5 други жени кандидатки за патот во вселената. Рајд беше испратена на ова патување по цели 2 децении откако Русија испрати жена – астронаут во вселената.