Грција пред „социјална криза“


Истражување на Меѓународната конфедерација на синдикати покажало дека 91 отсто од вработените во Грција констатирале пад на доходот,л седум отсто сметаат дека нема промени, а само три отсто може да се пофалат со зголоемени приходи. Со ова се добива слика дека Грчката држава е пред „социјална експлозија“, се наведува во соопштението по истражувањето.

 Меѓународната конфедерација на синдикати претставува 175 милиони работници во 153 земји.

 Шарон Бароу, генералната секретарка на конфедерацијата, ситуацијата на пазарот на трудот во Грција ја оцени како „мрачна“ и инсистира на враќање на основната плата, на почитување на колективните работни договори и на решенијата на социјалните партнери во земјата. Бароу смета дека „тројката’, која од денеска повторно е во Атина за последна оценка на финансиската состојба на Грција, ништо нема разбрано за ситуацијата во Грција, дека единственото што таа досега го проучувала се бројките, и затоа инсистира на промена на рестриктивната политика, која според неа и така не дава резултати.

 „Очигледно е дека досега применетите политики не даваат резултати, кога 50 отсто од младите во Грција се невработени и 65 отсто се исправени пред опасноста од сиромаштија, тогаш ММФ и ЕУ треба наново да ги осмислат своите совети“, вели Бароу.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1