Таблетите за раст на коса го претвориле во жена


Таблетите кои Вилијам Меки (38) од САД ги пиел за подобар раст на косата буквално му го промениле животот. Тој тврди дека лекот го претворил во жена и косата почнала нормално да расте, но покрај коса му пораснале и гради и широки колкови.

Неколку месеци откако сватил дека телото му се менува Вилијам почнал да се облекува како жена и себе си си го дал името Менди.

Тој раскажал како пред да почне да ги користи таблетите „Пропетика“ немал никакви амбиции за промена на полот. Таблетите ги земал секој ден девет месеци, а тврди дека потполоно му ги промениле хормоните во телото и дека сега сака да иде на опереација за да го промени полот.

– Моите гради претходно беа цврсти бидејќи често одев во теретана. Но по само неколку месеци користење на овие апчиња забележав дека ми растат вистински женски гради, кои почнаа да се гледаат каква и да носев маица, изјавил Вилијам.

Тој додал и дека рамената почнале да му добиваат женски облик. Сега секој ден носи перика, се шминка и носи тесни фустани.

Промената на Вилиам била причина за развод од жената со која бил во брак 10 години и со која има петгодишен син.

Откако почнал да се менува, тој редовно пишува на блог и истакнува дека се чувствува многу несигурно. Неколку пати помислил и на самоубиство и вели дека му е многу тешко да се прифати себе си како жена, но дека со текот на времето му станува полесно да се навикне на тоа.

Разочаран е сам во себе бидејќи, како штио вели, имал прекрасна жена која сега го изгубила сопругот и прекрасен син кој го изгубил својот татко.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1