Пчелин отров го продаваат за 70.000 евра килограм


Пчелиниот отров е чист продукт од организмот на пчелите, ги заштитува капиларите, го зголемува приливот на крв кај заболените органи и ги намалува болките. Дава одлични резултати во лечењето на 40 различни автоимуни заболувања, а особено кога станува збор за мултиплекс, склероза, псоријаза, ревматизам, артритис.

beeПчеларот од Босна и Херцеговина, Сулејман Јакуповиќ, се занимава со производство на драгоцен отров и кој доколку плановите му се остварат, планира да го пласира на американскиот пазар.
Тој како што вели потребни се меѓу 15,000 до 20,000 убоди од пчели, за да може да создадат еден грам од овој отров.
Поседува 300 колонии, и досега успеал да собере 200 грама од ваквиот отров од пчели. Има намера да собере и извезе десет килограми, чија вредност може да достигне до 700,000 долари.

„Испратив примероци во САД и добив одговор дека има соодветен квалитет. Во овој бизнис соработувам со деловни партнери од Бања Лука и Сараево. Планирам да соберам околу пет килограми пчелин отров, а моите соработници уште толку. Отровот го собираме со помош на современи стимулаторски плочи кои се поставуваат во кошниците. Благодарејќи на ваквата постапка, пчелите не го губат осилото и остануваат живи“, вели Јакуповиќ.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1