Германците 20 години ја „местеле“ цената на пивото


Германски пивари се соочени со обвинение дека направиле картел и во последните 20 години ја договарале цената на пивото, пишува германскиот весник „Фокус“.
pivoВо извештајот на Сојузната канцеларија за заштита на пазарите, во кој весникот имал увид, германските пивари ги местеле цените на омилениот пијалок на Германците и сега им престои казна од неколку стотина милиони евра.
Како што наведува весникот, во јануари оваа година Фолкер Кухл, директор на „Велтинс пиварата“ рекол дека прво најголемите производители се договориле да ја подигнат цената на пивото и во тој договор ги вклучиле и помалите производители.
Сомнежите за постоење на пивски картел во Германија се присутни веќе некое време, но најновите информации откриваат дека оваа афера би можела да биде поголема. Информациите велат дека германските пиварски конгломерати за цените се договараат скоро две децении.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1