Опседната со тежина , 23-годишната студентка по медицина Сара Хјустон, е една од 62-те жртви на забранетите апчиња за слабеење.
Иако му кажалa на својот доктор дека нејзината булемија е под контрола, таа продолжила тајно да ги пие апчињата кои се забранети и опасни. ДНП или динитрофенол е пестицид кој што е најефективен, но најопасен за слабеење и иако е забранет за продажба, може да се купи на Интернет како капсули за намалување на тежината.Сара била пронајдена мртва од страна на цимерката, ден откако одбила да оди на лекар иако и било многу топло и лошо. Обдукцијата на нејзиното тело покажала дека апчињата и комбинирањето со антидепресиви се причината за смртта .
Овие апчиња за слабеење прв пат се лансирани во 1930 година, но набрзо се забренети поради смртните случаи.
Динитрофенолот е пестицид кој што е забранет уште од 1938 година, но на Интерент странциите може да се купи под различини имиња бидејќи дава одлични резултати при слабеење.









